Уште еден отказ во Серија А. Денеска новајлијата во елитата, Салернитана го отпушти тренерот Фабрицио Кастори поради слабите резултати. Како што објави клубот, 67-годишниот специјалист го предводеше тимот до само една победа во осум натпревари оваа сезона во Серија А, а по саботниот пораз кај Специја, јасно беше дека ќе дојде до тренерска промена.
Салернитана, која е дебитант во елитата, досега има само 4 освоени бода. Фабрицио Кастори е третиот тренер што доби отказ за време на тековниот шампионат во Италија.