Перез спрема супер лето: Покрај Мбапе и Халанд, во Реал доѓаат Погба и Рудигер!

160

Како што денеска пишуваат медиумите во Шпанија, се чини дека Флорентино Перез уште сега си ја завршил работата околу летниот преоден рок. Се вели дека првиот човек на “кралевите“ веќе ги договорил, и тоа како слободни агенти, Килијан Мбапе, потоа Пол Погба и Антонио Рудигер.

Мбапе би земал 30 милиони евра годишна плата, Погба околу 20 а Германецот кој сега игра во Челзи би бил задоволен и со 10 милиони. Имено оваа сума тешко дека ќе ја добие во таборот на европскиот првак.

Интересно, на лето на сите тројца им завршуваат договорите и сите тројца би дошле без отштета. Што се однесува до Ерлинг Халанд, за него треба да се плати 75 милиони евра на Дортмунд, но поголем проблем е платата на Норвежанецот која тој ја бара, а се шпекулира со сума од 40 милиони евра. Сепак се наговестува дека Перез и со него ја зваршил целата работа.

Од друга страна од “Бернабеу“ си одат Бејл, Азар, Иско, Марсело, па така ќе се ослободат доста пари ако се знае дека сите овие имаат голми годишни плати во Реал Мадрид.

ПретходноИван Класниќ: Земам таблети двапати дневно, поради вирус ми падна косата!
СледноРистовски: Ужасно беше кога го чув крикот на Адеми, помислив само нешто да не „пукна“!