Циципас повторно предизвика бура: Тенисерите се неблагодарни

596

Стефанов Цицпас не успеа да ја искористи вистинската шанса да се најде во финалето на Индијан Влес, на кој не играа фавортите како Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал…Тој својот настап го заврши во четвртфиналето.

Пред да го напушти Мастерсот предизвика бура. Даде интересна изјава и ги натера тенисерите да се запрашаат, иако во јавноста не излезе со имиња.

„Тенисот е мојата страст. Од секогаш сакав да се занимавам професионално. Секој има свои цели, сака нешто да стане во живтот. Понекогаш е тешко, патувањата, животот во хотелски соби, но во исто време е возбудливо“.

Грчкиот тенисер имаше порака до своите колеги.

„Мислам дека некои играчи не се благодарни. Некои од нив изјавија дека се занимаваат со овој спорт поради пари, други пак дека нема што да прават. Јас би рекол дека ми е судено да играм тенис. Не гледам со што друго би се занимавал“.

ПретходноЗнаете ли каде играше Варди кога Роналдо во 2003 дебитираше за Јунајтед?
СледноРенова го има вториот најдобар старт во клупската историја во ПМФЛ!