Македонскиот одбојкарски репрезентативец, Ѓорѓи Ѓорѓиев, го освои првиот трофеј во дресот на својот нов клуб, Хебар. Шампионот на Бугарија е нов освојувач на Суперкупот на Бугарија, откако денеска го победи освојувачот на Купот на Бугарија, Нефтохимик 2010 од Бургас со 3:1 (16:25, 25:21, 25:21, 25:18).
Трофејот од Суперкупот е втор во клупските витрини на Хебар, откако тимот првпат го освои во 2019 година.