Јаховиќ даде гол, а после мечот ги доби картоните од судијата (видео)

1168

Македонскиот голгетер Адис Јаховиќ, конечно, погоди во дресот на Гезтепе во новата сезона во Суперлигата. Неговиот тим забележа победа на гости кај Касимпаша со 1:2, а македонскиот интернационалец го постигна голот за 1:1. Тој ја затресе противничката мрежа во 67. минута.
По мечот судијата на мечот, прославениот Џунејт Чакир му ги даде картоните  на македонскиот напаѓач.
„Син ми многу го обожава Чакир. Судијата ми ги даде жолтите и црвените картони по мечот. Син ми ќе се израдува кога ќе ги види“, изјави Јаховиќ.

 

ПретходноЛудо во Леверкузен: Баерн за само 37. минути поведе со 5:0! (видео)
СледноПандев и Џенова се спасија во финишот по негатива од 0:2