Јувентус стигна и до четврта победа во низа: Кин ја „реши“ Рома (ВИДЕО)

180

По победите над Специја, Сампдорија и Торино, Јувентус вечерва прокнижи нови три бода победувајќи ја Рома во дербито на 8. коло во италијанската Серија А со минимални 1:0. Гостите имаа шанса да извлечат реми, но не реализираа пенал.

Почетниот пресинг кој го наметнаа фудбалерите на Јувентус прилично брзо даде резултат. По неколку добри акции, во 16. минута, младиот Кин успеа да ј апогоди гостинската мрежа и да и донесе на „Старата Дама“ предност од 1:0.

 

Рома парираше одлично и во самата завршница на првиот дел успеа да се избори за пенал. Топката на белата точка ја намести Верету, но не успеа да го совлада Шчесни и на пауза се замина со предност за домашните.

Во вториот дел момците на Мурињо со сите сили тргнаа да израмнат, а една од најубавите шанси ја имаше повторно Верету кој од далечина биеше само крај голот на домашните.

Standings provided by SofaScore LiveScore

ПретходноЗидан: „Златната топка“ би му ја дал на Бензема
СледноБарселона со пресврт до победа над Валенсија во дербито на Ла Лига (ВИДЕО)