А требаше да биде дерби… Баерн го уништи Баер на негов терен

133

Денешниот меч помеѓу Баер и Баерн во Леверкузен требаше да биде дерби на колото во Бундес лигата. Наместо тоа беше само демонстрација на сила на Баварците особено во првиот дел, кој го завршија со предност од 0:5. Пет гола во мрежата на домашните за само 45. минути игра по што не само што беше јасно во кој правец оди овој меч туку беше само прашање колку гола ќе даде Баерн.
За среќа на домашните, се консолидираа колку толку и успеаа да не примат повеќе голови во вториот дел, па дури и да постигнат еден.

Левандовски и Гнабри погодија по два пати, додека пак Милер ја заокружи „петката“. За домашните намали Шик.

На табелата Баерн е прв со 19. од осум меча, додека Леверкузен е трет со 16.

ПретходноВест Хем со гол на Огбона ги грабна бодовите од „Гудисон парк“ (видео)
СледноМурињо сака во Рома да донесе млад играч на Барселона