Вест Хем со гол на Огбона ги грабна бодовите од „Гудисон парк“ (видео)

109

Со голот на дефанзивецот Анџело Огбона во 74. минута, Вест Хем победи на гостувањето кај Евертон со 1:0. Во меч со мал број на шанси, одбранбениот фудбалер се најде највисок во скокот во 74. минута по корнерот на Бовен и со глава го совлада противничкиот голман.

Што е интересно „чеканите“ седум премиерлигашки натпревари не знаат за пораз на гостински терени, вклучувајќи ги и мечевите од минатата сезона (пет победи и две ремија). Ваква долга серија имале уште во јануари 2009 година кога изнесувала исто така седум мечеви.

ГОЛОТ НА ОГБОНА

ПретходноРистовска и ЦСКА со победа над Савехоф
СледноА требаше да биде дерби… Баерн го уништи Баер на негов терен