Им нема крај на изненадувањата на Индијан Велс

292

Неочкувано финале ќе гледаме на Индијан Велс оваа година. Во битката за трофејот се најдоа Британецот, Камерон Нори и Грузијецот, Басилашвили.

Грузиецот прво го совлада Американецот Тејлор Фриц со 7: 5 и 6: 3, а потоа Нори уште полесно го совлада Бугаринот Григор Димитров со 6: 2, 6: 4. И двајцата ќе го играат првото Мастерс финале.

„Се подобро се чувствувам тука на Индијан Велс, ова е мојата најголема победа во кариерата, тоа е сигурно“, рече по натпреварот Нори, која од следната недела ќе биде најдобро рангиран играч од Велика Британија.

Ова доаѓа како круна на сезоната, бидејќи досега во 2021 година тој одигра дури пет финалиња (досега освои една титула) и јасно е дека стана сериозен играч.

ФОТО: BNP Paribas Open/twitter

ПретходноБензема: Го нема Меси? За мене се остана исто!
СледноИрвинг може да изгуби огромно богатсво