Кениецот Ротич со нов рекорд е победник на маратонот во Париз!

106

Кениецот Елиша Ротич е победник на маратонот во Париз, кој што се одржа во утринските часови низ улиците на глабниот град на Франција. 31- годишниот Ротич притоа и постави нов рекорд на трката, кој сега изнесува на дистанца од 42 километри и 195 метри, точно 2:04.21 часа.

Втор на овој маратон заврши Хајлемарам Кирос од Етиопија, а третопласиран беше Хилари Кипсамбу од Кенија.

Иаку оваа трка или овој маратон низ улиците на Париз се трча од 1976 година. Денеска учество зедоа 30.000 лица од 145 земји, а првично требаше да се одржи на 11 април, но поради Ковид-19 беше одложен за денеска.

ПретходноРистовски: Ужасно беше кога го чув крикот на Адеми, помислив само нешто да не „пукна“!
СледноСпецијалитетот на Манчини – „ZUPPA INGLESE“, Италијанците ги “боцкаат“ Англичаните! (ВИДЕО)