Манчестер Ј. верува во Солскјер, ќе му даде 80 милиони евра за зимски засилувања!

306

Раководството на Манчестер Јунајтед ќе одвои 83 милиони евра за актуелниот предводник на тимот, Оле Гунар Солскјер за да го засили тимот во зимскиот преоден рок, пишува „Дејли Стар“.

Според изворот, челниците на клубот ќе му дадат пари на Норвежанецот за трансфери само доколку до декември Манчестер Јунајтед остане во трка да конкурира за титулата во англиската Премиер лига.

По осум одиграни кола во Премиер лигата, Манчестер Јунајтед се наоѓа на 5. место во табелата со 14 бода.

ПретходноЃорѓи Ѓорѓиев со прв трофеј во Хебар, го освои Суперкупот на Бугарија
СледноПогоден од разделбата со Ванда, Икарди денеска не се појавил на тренингот на ПСЖ