Му се качи на грб на противничкиот играч и доби црвен картон (видео)

390

Мечот меѓу Лацио и Интер кој заврши 3:1 донесе неколку интересни моменти, а освен четирите гола беше виден и црвен картон на Луис Фелипе. Играчот на Лацио во финишот на мечот направи потег за кој беше исклучен. Тој му скокна на грб на играчот на Интер Хоакин Кореа, инаку негов пријател уште од деновите кога двајцата беа во Лацио.

Кореа го турна Фелипе на земја, а судијата на Бразилецот му покажа директен црвен картон.

А Луис Фелипе објасни што сакал да направи:

Го почитувам Интер и секој нивен играч. Ние сме професионални фудбалери и ги следиме нашите цели, секогаш сум почитувал играч на друг клуб. Кореа ми е еден од најдобрите пријатели. Нашите семејства се блиски и ние сме блиски. Она што го направив. Сакав да го прегрнам, да се пошегувам за резултатот, но бев превозбуден. Кога ќе размислам, можеби не го погодив моментот и местото. Се извинувам ако навредив некого, му се извинувам и на Кореа. Јас го сметам за добар пријател и така и ќе остане“, изјави Луис Фелипе.

 

ПретходноНе им се брза: Њукасл во јануари ќе потроши само 60 милиони евра!
СледноЕдинствениот англиски тим со 3+ голови на 7 меча по ред во гости!