Македонскиот интернационалец Горан Пандев беше дел од интересниот меч помеѓу Џенова и Сасуоло што се одигра попладнево на „Луиџи Ферарис“ во Џенова во рамките на 8. коло на Серија А. По првите 20. минута Сасуоло направи предност од 0:2 со головите на Џанлука Скамака, фудбалерот кој ги бранеше боите на Џенова минатата сезона.
Во 27. минута намали Дестро, потоа на истиот играч му беше поништен гол поради офсајд после прегледување на ВАР снимка.
Во вториот дел стратегот на домашните Балардини ја промени формацијата, тргна во офанзива. Тоа беше 76. минута за во 90-тата Васкез да го измами противничкиот голман и да донесе бод за Џенова.
Џенова е на 17. место со шест бода (една победа, три ремија и четири порази). Сасуоло е три места над неа.
Аталанта со 4:1 славеше во гости кај Емполи. Два гола постигна Јосип Иличиќ, истиот играч промаши и пенал за хет-трик, а еден Запата и еден беше автогол на играч на Емполи. Аталанта ја запиша четвртата победа сезонава.
Удинезе и Болоња одиграа 1:1, а Илија Несторовски повторно го немаше во составот од Удине поради повреда.
Каљари со 3:1 ја победи Сампдорија и ја запиша првата победа сезонава. Од друга страна Сампдорија го впиша четвртиот пораз.