Ристовски: Ужасно беше кога го чув крикот на Адеми, помислив само нешто да не „пукна“!

422

Познато е дека Аријан Адеми подолго време ќе биде надвор од фудбалските терени, ќе го нема во составот на Динамо, но и во составот на нашата репрезентација најмалку и во номвриските квалификациски натпревари.

За тоа што се случи на мечот со Германија, кога Каи Хаверц стартуваше врз нашиот фудбалер, говори Стефан Ристовски, кој во хрватските медиуми покрај другото истакна.

Секако непријатен, ужасен момент. Бев во близина при таа случка.Ужасно беше кога го слушнав крикот на Аријан, во тој момент си помислив само нешто да не `пукна`. Беше страшно, тука нема дилеми. Посакувам што побрзо да се врати на терените. По поразот во Скопје не би кажал дека Германија не `спушти` на земја. Ние немаме така широк ростер како Хрватска. Се виде дека штом Адеми искочи по таа повредам, едноставно немаше кој да го замени“ посочи Ристовски.

ПретходноПерез спрема супер лето: Покрај Мбапе и Халанд, во Реал доѓаат Погба и Рудигер!
СледноКениецот Ротич со нов рекорд е победник на маратонот во Париз!