Тотенхем со триумф кај Њукасл, мечот во сенка на инцидентот на трибините (ВИДЕО)

184

Во сенка на она што се случи на трибините на стадионот во Њукасл, а се случи колабирање на еден навивач, интервенција на лекарски тим, и прекин од петнаесетина минути во првиот дел, тимот на Тотенхем успеа да слави на ова тешко гостување со 2:3 и на тој начин да освои исклулително важни бодови.

Последните информации се сека навивачот е вон животна опасност, и дека навремената реакција на лекарите била клучна. Од друга страна пак до тој моменто исклучително интересниот меч беше со резултат 1:2, во кој домашните уште во втората минута поведоа преку Вилсон.

Тотенхем возврати со два брзи гола во 17. односно 22. минута преку Ндомбеле, односно Кејн кој конечно погоди сезонава. Во продолжението од првото полувреме, откако играчите се вратија на терен Сон постигна гол за 1:3.

Во вториот дел Њукасл не успеа да наметне темпо, игра и не покажа капацитет за да ја намали негативата, туку со автоголот на Ерик Даер во 89. минута беа поставени конечните 2:3.

ПретходноСе сруши трибината со навивачите на Витесе…. (ВИДЕО)
СледноЕлмас асистира, Осимен погодува: Наполи продолжува со 100% ефект во Серија А (ВИДЕО)