Ѓорѓи Ѓорѓиев со прв трофеј во Хебар, го освои Суперкупот на Бугарија

113

Македонскиот одбојкарски репрезентативец, Ѓорѓи Ѓорѓиев, го освои првиот трофеј во дресот на својот нов клуб, Хебар. Шампионот на Бугарија е нов освојувач на Суперкупот на Бугарија, откако денеска го победи освојувачот на Купот на Бугарија, Нефтохимик 2010 од Бургас со 3:1 (16:25, 25:21, 25:21, 25:18).

Трофејот од Суперкупот е втор во клупските витрини на Хебар, откако тимот првпат го освои во 2019 година.

ПретходноНевидено: Го тресна соиграчот од земја, затоа што поради него примија гол (ВИДЕО)
СледноМанчестер Ј. верува во Солскјер, ќе му даде 80 милиони евра за зимски засилувања!