Македонскиот голгетер Адис Јаховиќ, конечно, погоди во дресот на Гезтепе во новата сезона во Суперлигата. Неговиот тим забележа победа на гости кај Касимпаша со 1:2, а македонскиот интернационалец го постигна голот за 1:1. Тој ја затресе противничката мрежа во 67. минута.
По мечот судијата на мечот, прославениот Џунејт Чакир му ги даде картоните на македонскиот напаѓач.
„Син ми многу го обожава Чакир. Судијата ми ги даде жолтите и црвените картони по мечот. Син ми ќе се израдува кога ќе ги види“, изјави Јаховиќ.
Büyük kaptan. Helal olsun sana #AdisJahovic Yürekten oynadın. https://t.co/PMxNXXWbXs
— Murat Kalemci (@KalemciMurat) October 17, 2021
🎁 Cüneyt Çakır’dan Adis Jahovic’in oğluna anlamlı hediye… Sarı ve kırmızı kart!
💬 Jahovic: “Oğlum Cüneyt Çakır’ı çok seviyor, ne yapalım?” 😅pic.twitter.com/ak5NL90zuk
— Play Spor (@playsporcom) October 17, 2021