Њукасл – Тотенхем во прекин, навивач доживеа срцев удар

747

Мечот од Премиер лигата помеѓу Њукасл и Тотенхем е во прекин затоа што на еден навивач му се слоши и мораше да интервенира лекарскиот тим на Тотенхем. Лекарот притрча на трибините со дефибрилатор и веднаш му даде прва помош на навивачот.

Сите реагираа колку што можеа на време, навивачите веднаш сигнализираа, играта беше прекината, и да се надеваме дека навивачот ќе ја преживее оваа несреќа.

Првото полувреме е пред време завршено, а во моментов резултатот е 1:2 за гостите.

 

 

ПретходноСловачкото дерби прекинато, Ристовски и Спартак во соблекувалната
СледноПешевски одличен за Штутгарт во победата над Балинген