Барселона никако не успева да му го продолжи договорот на својата нова фудбалска ѕвезда, Ансу Фати.
Актуелниот договор на 18-годишниот фудбалер истекува на крајот на сезоната, но преговорите за продолжување „не одат добро“. Агентот на Фати, Жорге Мендеш, не е задоволен од предлозите на каталонскиот клуб, спопред се во две точки.
Првата се однесува на должината на новиот договор, а втората, многу побитна, клаузулата за негово предвремено раскинување.
Како што направија со Педри, првите луѓе на Барса сакаат да внесат клаузула за превремен раскин од една милијарда евра, но Мендеш не е подготвен да ја прифати клаузулата што ќе го врзе Фати за Барселона безисловно.
Тој е подготвен да вклучи висока клаузула, но таква каква што имаат и најголемите европски клубови за своите играчи.