Поради пандемијата коронавирус минатата година „Златната топка“ не беше доделена, но оваа конкуренцијата никогаш не била поголема.
Франс фудбал направи листа од 30 фудбалери меѓу нив се најде и Карим Бензема, кој игра фантастично во дресот на Реал и репрезентацијата на Франција.
Францускиот напаѓач за првпат јавно зборуваше за „златната топка“.
„Секако дека како мал сонував да ја освојам Златната топка. Роналдо и Зидан беа моите идоли, ја освоија оваа награда додека играа за Реал Мадрид, но тоа признание за мене е стигна работа за која не размислував. Верувам дека не сум далеку од Златната топка“, изјави Бензема.
33-годишниот фудбалер во досегашниот дел од сезоната одигра десет меча во сите натпреварувања и постигна десет гола и седум асистенции.