Е. Пелистер ги „бутна“ битолските кошаркари и Феникс во невобичаен термин

435

Третото коло во Првата лига ќе биде комплетирано денеска. Поради АБА 2 обврските на МЗТ Скопје и Пелистер, последните два дуели од оваа рунда се закажани нешто подоцна.

Први силите ќе ги одимерат Пелистер и Феникс. За првпат по подолго време една прволигашка пресметка е закажана во 11:30 часот. Причината поради која овие два тима ќе играат во невобичаен термин е Европската ракометна лига, поточно настапот на Е.Пелистер, кој утре на домашен терен го пречекува Ним во рамките на првото коло. Па салата треба да биде подготвена за оваа средба.

Добро е познато дека битолчани се фаворити на овој дуел, имаат две победи во низа, па ќе сакаат да продолжат во ист ритам. На другата страна дебитантот ќе се обиде да дојде до изненадување.

Нешто подоцна поточно во 18 часот во Кавадарци се игра дерби. Еуро Никел е домаќин на МЗТ Скопје во битката меѓу двата финалисти од минатата сезона. МЗТ Скопје зад себе го има очајното издание во АБА 2-лига, кавадарчани поразот од ТФТ на гостински терен.

ФОТО: АБА 2-ЛИГА/Неверна Стјепановиќ

ПретходноНори го освои Индијан Велс и испиша историја
СледноМурињо доби жестоки навреди од навивачите на Јуве, па ги замолкна со еден потег (ФОТО)