Неверојатно: Пред финалето на Индијан Велс му ги украле сите три пара патики!

242

Иако не можеше да игра со своите стари, добро носени патики во финалето на турнирот од серијата Мастерс 1000 во Индијан Велс, британскиот тенисер Камерон Нори (26) го  освои турнирот победувајќи го во финалето Грузиецот Басилашвили со 3-6, 6-4, 6-1 и стана првиот Британец кој победил на турнир од серијата Мастерс 1000.

Во пресрет на најважниот натпревар во неговата кариера, Нори откри дека му ги украле трите пара патики кои ги носел изминатите денови на турнирот, а кои биле оставени во соблекувалната.

„Не знам како исчезнаа, но можеби некој што ги исчисти просториите само ги фрлил. За среќа, немаше венчален прстен кај нив“, се пошегува Нори, мислејќи на случајот со Енди Мареј, на кого му беа украдени патиките на кои беше и неговиот венчален прстен, исто така на турнирот во Индијан Велс. Подоцна беа најдени и му беа вратени.

„Не знам што имаат луѓето против Британците за да им ги крадат патиките“, се пошегува Нори.

ПретходноСпалети за Елмас: Тој е исклучително момче!
СледноПелистер со добро второ полувреме до победа над Феникс 2010