Кошаркарите на Пелистер убедливо го совладаа новајлијата во Првата лига, тимот на Феникс 2010 во мечот од 3. коло на домашниот шампионат со 86:74. Денеска во утрински термин во Битола, „зелените“ со многу подобра игра во второто полувреме успеаја да дојдат до третата победа и Работнички и ТФТ да останат непоразени на врвот на табелата.
Феникс 2010 одигра одлично прво полувреме во кое дури и успеа да дојде до предност (45:48), но во вториот дел далеку подобра игра на домашните, кои ги поправија сите грешки од полувремето и на крајот дојдоа до прилично убедлива победа.