Проекција: Македонија останува на 74. место на ФИФА листата за октомври!

141

Нашата најдобра фудбалска репрезентација за месец октомври, барем таква е проекцијата, нема да оди ни горе ни долу на ранкинг листата на ФИФА која и официјално ќе биде објавена во четврток (21 октомври).

Имено проекцијата вели дека и покрај победата над Лихтенштајн со 4:0, но и по поразот во Скопје од Германија со 0:4, избраниците на селекторот Благоја Милевски ќе бидат на 74. место на ФИФА листата. Рековме дека такви се прогнозите.

Германија по двете победи, над Романија и Македонија ќе скокне две места, па така од 14. ќе оди на 12. место, Романија ќе го задржи 41. место, Исланд ќе падне две места, Ерменија ќе го задржи 89. место, а Лихтенштајн, убедливо најслабата селекција од нашата Ј група во квалификациите за СП во Катар 2022, од 188. ќе падне на 190 место.

Се разбира, да почекаме до четврток па да видиме дали овие проекции и ќе се остварат.

ПретходноЗошто Пикфорд добро брани пенали? Одговорот е на неговото шише со вода (ФОТО)
СледноУЕФА ја казни Англија, дуелот со Албанија пред празни трибини!