ФАНОВИТЕ БАРААТ КАЗНА ЗА МАКС: Лидерот обвинет за сексизам, ја навреди ќерката на трикратниот шампион!

256

Еден од најдобрите возачи во Формула 1 е на удар на критичарите. Младиот Макс Верстапен е обвинет за сексизам поради несоодветниот коментар за неговата девојка Кели Пајк, ќерка на поранешниот трикратен светски шампион Нелсон Пајк.

Во видео разговор со фановите, актуелниот лидер во шампионатот беше запрашан што е најдоброто што има пазарено во неговиот живот, коментарот предизвика многу реакции.

„Моја девојка“, рече Макс Верстапен со насмевка и многумина го забележаа тој детал.

Фановите поради овој одговор бараат казна за Макс Верстапен за сексистичкиот испад, некои отидоа дотаму што предложија Ред Бул да го отпушти возачот кој се бори за шампионската титула оваа сезона и има добри шанси да ја прекине доминацијата на Луис Хамилтон.

ПретходноЛа Лига ја одбележа перфекната серија: Столе Димитриевски и Рајо – непобедливи
СледноАгуеро по дебито за Барселона: Останав без зборови!