Шериф се појави на Меаца, Николов еден од ретките кои излегоа без телефон во рацете (видео)

1778

Сензацијата во ЛШ екипата на Шериф утре ќе игра против Интер на „Меаца“ и ќе ја брка третата победа во групната фаза. По триумфот над Шахтјор и онаа сензационална победа над Реал Мадрид на „Бернабеу“ во вторник молдавскиот шампион ќе се соочи со италијанскиот првак.
Шериф кој е дебитант во ЛШ ги живее најдобрите денови во историјата, а фудбалерите уживаат во настапите во европската елита. Вечерва тимот истрча на „Џузепе Меаца“, а речиси сите фудбалери излегоа со паметните телефони за да се фотографираат и да снимат видео од култниот милански стадион. Нормално, ова е ретка можност за играчите на Шериф па тие сакаат да имаат спомен.
Дел од Шериф е и македонскиот интернационалец Бобан Николов, кој беше еден од ретките кои излезе без телефон во рацете. Николов играше во Лече минатата сезона, но не и на „Меаца“ затоа што играше во Серија Б.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sky Sport (Italia) (@skysport)

ПретходноАрсенал се спаси од пораз на „Емирати“ со гол во 95. минута (Видео)
СледноШахтјор оди на уникатен рекорд против Реал Мадрид!