Барса може да го загуби и Ансу Фати, ако продолжи со неразумни клаузули во неговиот договор

249

Барселона никако не успева да му го продолжи договорот на својата нова фудбалска ѕвезда, Ансу Фати.

Актуелниот договор на 18-годишниот фудбалер истекува на крајот на сезоната, но преговорите за продолжување „не одат добро“. Агентот на Фати, Жорге Мендеш, не е задоволен од предлозите на каталонскиот клуб, спопред се во две точки.

Првата се однесува на должината на новиот договор, а втората, многу побитна, клаузулата за негово предвремено раскинување.

Како што направија со Педри, првите луѓе на Барса сакаат да внесат клаузула за превремен раскин од една милијарда евра, но Мендеш не е подготвен да ја прифати клаузулата што ќе го врзе Фати за Барселона безисловно.

Тој е подготвен да вклучи висока клаузула, но таква каква што имаат и најголемите европски клубови за своите играчи.

ПретходноМенаџерот на Њукасл не се предава: Нема да си заминам кога е најтешко
СледноЛазаров повика 22 ракометари и 10 резерви за двомечот со Египет