Со голот на Борха Инглесиас во 89. минута Бетис го совлада Алавес на гостински терен и со тоа ја оствари четвртата победа во шпанската Ла Лига, а воедно му го нанесе на домаќинот седмиот пораз.
„Зелено-белите“ беа подобар ривал од домашните кои се чини дека сезонава ќе се борат за опстанок. За Борха ова е прв гол во Ла Лига сезонава.
Идното коло Бетис ќе игра со Рајо Ваљекано, а Алавес ќе оди на гости кај Кадиз.