Германскиот бундеслигаш Волфсбург, останува без еден од своите главни адути, Ваут Вегхорст (29), за натпреварот со Салцбург в среда во новата рунда од Лигата на шампионите. Вегхорст е позитивен на последниот тест за Ковид-19 и веднаш е ставен во карантин.
„Вегхoрст се пожали на симптоми во неделата наутро и тестот што беше извршен потоа даде позитивен резултат. Вегхoрст веднаш беше изолиран и ставен во карантин дома. Сите други тестови извршени врз играчите, тренерите и другите вработени во неделата и понеделникот беа негативни“, се вели во соопштението на Волфсбург.