Зошто Пикфорд добро брани пенали? Одговорот е на неговото шише со вода (ФОТО)

600

Евертон беше домаќин на Вест Хем во неделата, а лондончани победија со 1-0 на нивното гостување. За време на преносот во живо, камерите го покажаа шишето со вода на голманот на Евертон, Џордан Пикфорд.

Англискиот голман на него ги имаше обележано деталите за играчите на противникот во случај на потенцијален удар од белата точка.

Пикфорд е познат по својата ефикасност во бранењето пенали уште од Светското првенство 2018 година, кога и помогна на Англија да ја елиминира Колумбија, одбранувајќи им два пенали на Урибе и Бака.

На ЕП ова лето Пикфорд одбрани два удари од Жоржињо и Белоти во последниот натпревар, но тоа не беше доволно за „Трите лава“ да ја освојат европската титула.

ПретходноСудии за Куп: Ецкоски на Вардар – Скопје, Ставрев “главен“ под Шара!
СледноПроекција: Македонија останува на 74. место на ФИФА листата за октомври!