Ибрахимовиќ утре може да испише историја во Лигата на Шампионите!

209

Утре во 21 часот, екипата на Милан му гостува на Порто во натпревар од 3.коло во Лигата на Шампионите, во групата Б. Овој натпревар е шанса Златан Ибрахимовиќ да испише историја или да го урне рекордот во ЛШ. Имено во случај Швеѓанецот да постигне гол, тогаш тој ќе биде највозрасниот фудбалер кој постигнал гол во ова натпреварување, во оваа фаза од Лигата на Шампионите. Засега рекордот го држи Франческо Тоти, кој за Рома на 38 години и 59 денови постигна гол против ЦСКА Москва.

Во случај утре Ибра да даде гол тогаш тој ќе биде новиот рекордер со 40 години и 16 денови, ако се знае дека на 3 октомври, значи пред две недели ја “раситни“ четирисетката.

Швеѓанецот инаку ги пропушти првите два меча со Ливерпул и Атлетико Мадрид, поради повреда.

ПретходноПокетино за мечот со Лајцпиг: Нејмар е повреден, Икарди не тренира и е неизвесен за настап
СледноМЗТ славеше кај Еуроникел, Пелистер преку Феникс до третата победа