Она што го најави “Спортмедиа“ во текот на вчерашниот ден, дека по отказот на Александар Таневски, раководството на “лавовите“ ќе му ја довеи тренерска палка на Муарем Бајрами, попладнево и се потврди. Па така тимот од Ѓорче, на своите социјални мрежи објави дека нов шеф на стручниот штаб на Македонија ЃП е токму Муарем Бајрами. Некогашниот познат фудбалер кој играше во неколку клубови, а потоа беше тренер – играч и тренер на Шкупи, сега ќе се обиде да ја “извади“ екипа од тешката криза која ја зафати во последните речиси два месеци.
Бајрами своето деби ќе го има веќе в среда, и тоа во Струмица против Академија Пандев, во меч од Купот на Македонија.