КОМЕНТАР НА 10.КОЛО: Шкупи знае како, а Шкендија не знае…“пандевци“ не простуваат!

427

Пишува: Зоран Ѓоршоски

Во петокот и саботата се одиграа сите шест натпревари од 10.коло во тековната сезона во ПМФЛ. Колото почна со сензација, во петокот на Арената гостите од Автокоманда сосема заслужено го победија индиспонираниот Работнички и тоа со 0:1. Беа подобри и ги однесоа бодовите, Скопје за првпат во својата историја во меч од ПМФЛ слави над Работнички.

Како што и се очекуваше, Шкупи имаше тешка, мошне тешка задача во Кавадарци. И успеа да ја надмине таа пречка која се викаше – Тиквеш. Уште еднаш момците на стратегот Гоце Седлоски покажаа како треба да се игра за да се стане првак.

За разлика од Шкупи кој покажа како треба, Шкендија пак обратно. Едноставно на мечот во Струмица , тетовци покажаа како не треба. Водеа со 1:0, одиграа одлично прво полувреме, имаа шанси за да го решат дербито, но не успеаја. Во вториот дел “пандевци“ се разиграа, Мирчевски повторно блесна и со два гола му ја донесе победата на својот тим.

Па така сега Шкупи и бега на Шкендија цели 9 бода, додека А. Пандев „само“ четири.

ЌАТО И РЕНОВА СО НОВ БЛЕСОК…

За разлика од Шкендија, вториот тим од Тетово, а тоа е Ренова, продолжува со добрите игри и продолжува со победите. Стратегот Ќатип Османи може да биде задоволен. Овој тим кој тој го предводи го има вториот најдобар старт во клупската историја. Тука мислиме на првите десет кола. И затоа е втора Ренова, има 21 бод, два помалку од Шкуи. Засега “гипсарите“ се единствени кои како – така му задаваат главоболки на Седлоски. Во недела на Чаир играат Шкупи и Ренова.

Уф, какво дерби ќе биде тоа.

Струга Трим Лум одигра добро прво полувреме, имаше водство, имаше до 80.минута и 1:0, и потоа имаше и пенал за 2:0. Истиот не беше реализиран, па велешани казнија речиси во следниот напад за конечни 1:1. Стружани загубија два драгоцени бода.

Брегалница просто ја “торпедираше“ Македонија ЃП. Ја победи со 4:1, сега “сините“ се четврти а тимот од Ѓорче тоне ли тоне на табелата. Нормално дека следуваше отказ за стратегот Александар Таневски. Квалитетниот состав на Македонија ЃП речиси два месеца нема победа.

Цехот мораше некој да го плати.

ПретходноСерафимов во тимот на колото во Унгарија!
СледноТИМ НА 10.КОЛО: Мирчевски уште еднаш блесна, сега против Шкендија…