Лазаров повика 22 ракометари и 10 резерви за двомечот со Египет

501

Селекторот на машката сениорска ракометна репрезентација, Кире Лазаров го објави список на повикани ракометари за претстојната ЕХФ недела во ноември 2021 година.

На списокот се најдоа 22 ракометари и уште 10 резерви.

Во рамки на ЕХФ неделата од 01.11 до 07.11.2021 година, машката сениорска репрезентација на Македонија ќе одигра два пријателски натпревари против репрезентацијата на Египет. Натпреварите ќе се одиграат во Каиро на 05.11 и 06.11.2021.

Собирот е закажан на ден 31.10.2021 година со почеток во 14:00 часот во Хотел Александар Палас во Скопје.

ПретходноБарса може да го загуби и Ансу Фати, ако продолжи со неразумни клаузули во неговиот договор
СледноИ официјално: Муарем Бајрами на клупата на Македонија ЃП!