Мурињо доби жестоки навреди од навивачите на Јуве, па ги замолкна со еден потег (ФОТО)

907

Фудбалерите на Рома синоќа беа поразени на гости кај Јувентус со 1-0 во рамките на осмото коло во Серија А.

Во центарот на вниманието се најде Жозе Мурињо, кого навивачите на Јувентус го дочекаа со свирежи, а во текот на мечот испратија бројни навреди до него.

Сепак Португалецот најде начин како да ги замолкне, им покажа три прста, алудирајќи на трите титули кои ги освои со Интер пред 11 години.

„Очигледно е дека навивачите на Јуве не ме сакаат“ беше краткиот коментар на Мурињо по мечот.

ПретходноЕ. Пелистер ги „бутна“ битолските кошаркари и Феникс во невобичаен термин
Следно„Спануницата“ продолжува: Икарди со изненадувачка фотографија