Покетино за мечот со Лајцпиг: Нејмар е повреден, Икарди не тренира и е неизвесен за настап

220

Пари Сен Жермен се спрема за мечот со РБ Лајпциг на „Паркот на принцовите“ во рамките на ЛШ (вторник, 21:00 ч.). ПСЖ има четири бода од првите два меча во групата по ремито со Клуб Бриж и победата над Манчестер Сити. Тренерот Маурицио Покетино откри некои работи околу тимот и како се спрема за мечот со Германците.

Одлучив околу тимот но нормално е да не го соопштам. Нејмар е повреден и ќе го пропушти мечот со Лајпциг. Поради лични проблеми Мауро не тренираше, но тој е во составот. Ќе анализираме во текот на утрешниот ден и ќе одлучиме дали тој ќе остане во групата. Мислам дека и на Лајпциг и на нас ни е потребна оваа победа. Јасно е дека противникот е тим кој има многу енергија, агресивни офанзивни играчи кои ќе се потрудат да направат добар резултат. Мораме добро да се организираме во одбраната, да играме интелегентно кога ја имаме топката во своите нозе и да бидеме сигурни дека нивните транзиции нема да ни направат проблеми“, изјави Покетино.

Икарди е инволвиран во уште еден љубовен скандал, па е во кавга со неговиот агент и сопруга Ванда Нара, па Аргентинецот пропушти неколку тренинзи.

Кејлор Навас се врати во групата по повредата, но се чини дека Џиџи Донарума ќе застане меѓу стативите на утрешниот меч.

ПретходноБорбено во Кавадарци, победата за МЗТ Скопје
СледноИбрахимовиќ утре може да испише историја во Лигата на Шампионите!