Трагедија во Италија: Кошаркар колабираше на терен, почина во болница!

510

Од светот на спортот доаѓаат Трагични вести. Во Италија почина кошаркарот на Фортитудо Месина, Хаитем Жабур Фаталах.

Тој ја загубил свеста за време на натпреварот, се урнал на теренот. Лекарите веднаш реагирале, но тој починал на пат кон болницата каде е констатирана неговата смрт.

Фаталах има повеќе од 250 натпревари во Италија, во екипата на Фортитудо Месина пристигна во сезоната 2016/17.

ПретходноРегулон: Му реков на судијата да прекинеме, навивачот падна и му требаше помош
СледноНори го освои Индијан Велс и испиша историја