УЕФА ја казни Англија, дуелот со Албанија пред празни трибини!

200

На УЕФА и требаше цели три месеци за да конечно ја казни Фудбалската федерација на Англија, и тоа со 100.000 евра и еден натпревар на репрезентацијата на оваа земја пред празни трибини.

Казната доаѓа поради нередите на англиските фанови пред, за време и по финалето на ЕВРО 2020 на мечот со Италија. Кој како што познато, домашната селекција го загуби, а се играше во Лондон на “Вембли“.

Па така сега ќе мора мечот од квалификациите за СП во Катар 2022 против Албанија следниот месец, да го игра пред празни трибини. Во случај нешто слично да се повтори во рок од две години, тогаш казната ќе биде уште еден натпревар пред празни трибини.

ПретходноПроекција: Македонија останува на 74. место на ФИФА листата за октомври!
СледноХаос во најава: Фановите на Јунајтед на дербито со Ливерпул повторно ќе протестираат!