И официјално Роџер Федерер не е меѓу најдобрите 10 тенисери во светот. Ова беше познато пред неколку дена, но денеска АТП потврди со најновата ранг-листа. Швајцарскиот тенисер се најде на 11. позиција.
Федерер одигра само 19 професионални мечеви во две години, а дури денеска излезе од врвот, поради пандемијата коронавирус АТП го промени начинот на бодување, па на Швајцарецот му овозможи подолго време да се задржу во најдобрата десетка.
Инаку, Федерер е рекордер по бројот на недели поминати меѓу десетте најдобри тенисери на планетата. Засега тој број изнесува 967, втор е Рафаел Надал со 837 и неговата серија се уште трае, а третиот е легендарниот ими Конорс, кој беше во Топ 10, дури 817 недели.
Новак Ѓоковиќ е „само“ 702 недели во Топ 10 на АТП листата, но многу поважно е што денеска ја започна својата 343 -та недела на првото место, што го прави апсолутен рекордер во историјата на машкиот тенис! Српскиот тенисер сега има 11.430 поени, дури 1.800 повеќе од второпласираниот Данило Медведев.