Фиорентина се „удави“ во Венеција (видео)

179

Екипата на Венеција славеше победа од 1:0 над Фиорентина во последниот меч од 8. коло на италијанската Серија А. За Венеција тоа е втора победа и со осум бода го држи 15-тото место на табелата, додека Фиорентина го запиша четвртиот пораз и е деветтопласирана.

Голот за победа го постигна Араму во 36. минута. Во 77 минута беше исклучен Сотил поради два жолти картони, па „виолетовите“ во финишот останаа со играч помалку во обидот да спасат барем бод. Не успеаа.

Венеција идното коло ќе гостува кај Сасуоло, а Фиорентина игра дома со Каљари.

ПретходноВолфсбург остана без првиот стрелец за мечот со Салцбург во ЛШ
СледноАрсенал се спаси од пораз на „Емирати“ со гол во 95. минута (Видео)