Хаос во најава: Фановите на Јунајтед на дербито со Ливерпул повторно ќе протестираат!

385

Не оди, па не оди. Дури и со Кристијано Роналдо. Тоа е вистина која сите во Манчестер Јунајтед треба да ја погледнат пред себе. Токму и затоа “врие“ на “Олд Трафорд“. Оле Гунар Солскјер едноствно нема тренерски капацитет за голем тим како Јунајтед, а фановите се разочарани.

Токму затоа тие, барем според пишувањето по социјалните мрежи, тие имат намера неделното дерби со Ливерпул, најголемиот дуел во Премиер – лигата, да го искористат за протести. Нешто налик како што беше во мак, кога тие протестираа а дербито мораше да се одложи. Тогаш причината беше Суперлигата, а сега ќе се протестира, покрај другото, и против семејството Глејзер.

Раководството на клубот откако виде што се спрема, веднаш контактираше се полицијата, со цел да се минимизираат последиците од протестите.

Кога сме кај наредните мечеви на Јунајтед, Кристијано и момците прво ги чека меч од ЛШ со Аталанта, потоа споменатиот меч со Ливерпул, па со Тотенхем и градското дерби со Сити.

Ништо не е невозможно, па дури и четири порази во серија, асе разбира ако Јунајтед игра како што играше на последните неколку натпревари.

ПретходноУЕФА ја казни Англија, дуелот со Албанија пред празни трибини!
СледноСерафимов во тимот на колото во Унгарија!