Македонскиот интернационалец Агим Ибраими имаше добар настап во дресот на Динамо Тирана меѓутоа неговата екипа изгуби на гостувањето кај Влазнија со 6:3 во 5. коло од албанскиот шампионат.
За домашната екипа играше другиот македонски интернационалец Фахрудин Ѓурѓевиќ кој исто така беше стрелец на еден од шесте гола за својот тим. Ибраими реализираше гол во 5. минута, но Влазнија со головите на Диањ и Ѓурѓевиќ направи пресврт. Влазнија поведе и со 3:1, па Ибраими од пенал во 67. минута намали, за потоа домашните со уште два гола да го трасираат патот до победата. За Динамо играше уште двајца македонски фудбалери, Исаевски и Силјановски.
ГОЛОВИТЕ ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ НА ОВОЈ ЛИНК