Арсенал се спаси од пораз на „Емирати“ со гол во 95. минута (Видео)

350

Екипата на Кристал Палас му стана кошмар на Арсенал. Вечерва за малку ќе го совладаше на „Емирати“ но и резултатот 2:2 означи дека „орлите“ веќе четврти меч по ред не знае за пораз од лондонскиот ривал.

Обамејанг го доведе Арсенал во водство во 8. минута, а во второто Палас направи комплетен пресврт. Прво Кристијан Бентеке изедначи, а Едуард во 73. минута го совлада Рамсдејл. И се одеше кон победа на Палас, меѓутоа во петтата минута од судиското продолжение на времето Лаказет погоди и спаси бод за „топчиите“.

Палас го впиша петтото реми и е на 14. место со 8 бодови, а Арсенал е на 12. место со 11 бодови.

ГОЛОТ НА ОБАМЕЈАНГ НА ОВОЈ ЛИНК

ГОЛОТ НА БЕНТЕКЕ НА ОВОЈ ЛИНК

ГОЛОТ НА ЕДУАРД НА ОВОЈ ЛИНК

ГОЛОТ НА ЛАКАЗЕТ НА ОВОЈ ЛИНК

 

ПретходноФиорентина се „удави“ во Венеција (видео)
СледноШериф се појави на Меаца, Николов еден од ретките кои излегоа без телефон во рацете (видео)