Борбено во Кавадарци, победата за МЗТ Скопје

137

Во меч од 3.коло во елитната кошаркарска лига, МЗТ Скопје со 69-75 (21-17, 11-25, 18-7, 19-26) успеа да слави среде Кавадарци, кај тимот на Еуро Никел. Тоа беше борбен дуел во кој домашните сторија се што можеа да го изненадат шампионот, но сепк “металците“ дојдоа до својот втор триумф сезонава.

Првта четвртина ја добија кошаркарите на Еуро Никел со 21-17, и кога сите во салата “Јасмин“, помислија дека на повидок е победа, гостите од Скопје одграа одлична втора четвртина која ја добија со дури 14 поени разлика. Во третата вратија кавадарчани, на моменти имаа и водство, но сепак решавачко беше она што одигра МЗТ Скопје во последната четвртина. Квалитетот се покажа на паркетот и на крајот момците на тренерот Дарко Радуловиќ заслужено дојдоа до триумфот, иако Еуро Никел се закани во последните секунди и дојде само на минус 6 на минута до крајот, па и на минус 3, сепак на крајот Дамјан Стојановски ги разреши сите дилеми.

Токму тој со 18 поени беше најефикасен, додека Николов имаше 13, а Мекиќ 12 поени.

Кај поразениот тим, најмногу поени запишаа Џекиќ и Дејвис, по 13.

ПретходноТИМ НА 10.КОЛО: Мирчевски уште еднаш блесна, сега против Шкендија…
СледноПокетино за мечот со Лајцпиг: Нејмар е повреден, Икарди не тренира и е неизвесен за настап