Тренерот на Барселона, Роналд Куман не можеше да биде незадоволен по победата од 3:1 над Валенсија. Холандскиот стратег ги пофали своите играчи за реакцијата и пресвртот што го направија.
„Важно беше да ја започнеме неделата со победа во нашиот прв натпревар. Морам да ги пофалам играчите за односот што го покажаа, и покрај лошиот старт. Сега ќе имам два дена во кои ќе спијам мирно. Ќе ги искористам максимално. Ова е една од добрите работи за оваа професија. Чувството кога победувате и кога губите е радикално различно. Натпреварите што ги добивате се многу важни. Тие даваат доверба“, додаде Куман.