Фудбалерите на Рома синоќа беа поразени на гости кај Јувентус со 1-0 во рамките на осмото коло во Серија А.
Во центарот на вниманието се најде Жозе Мурињо, кого навивачите на Јувентус го дочекаа со свирежи, а во текот на мечот испратија бројни навреди до него.
Сепак Португалецот најде начин како да ги замолкне, им покажа три прста, алудирајќи на трите титули кои ги освои со Интер пред 11 години.
„Очигледно е дека навивачите на Јуве не ме сакаат“ беше краткиот коментар на Мурињо по мечот.