Нори го освои Индијан Велс и испиша историја

191

Британскиот тенисер, Камерун Нори е победник на Индијан Велс. Тој во финалето беше подобар од Грузиецот Николос Басилашвили со 3-6, 6-4, 6-1, со што стана првиот Британец што победил на серијата Мастерс 1000.

За Нори ова е втора титула во шест финалиња, пред Индијан Велс, само еднаш се пласираше во четвртфиналето на Мастерс серијата (Монте Карло 2019), а оваа година играше во третото коло во Мајами. Пред него, Британците Енди Мареј, Тим Хенман и Грег Руседски играа во финалето на Индијан Велс, но беа поразени.

Благодарение на овој триумф, 26-годишниот Британец се искачи на 10-то место на АТП ранг листата. Басилашвили досега има освоено пет турнири, од кои два оваа година.

ПретходноТрагедија во Италија: Кошаркар колабираше на терен, почина во болница!
СледноЕ. Пелистер ги „бутна“ битолските кошаркари и Феникс во невобичаен термин