„Спануницата“ продолжува: Икарди со изненадувачка фотографија

582

Француските медиуми вчера објавија дека бракот меѓу Икарди и Ванда наскоро ќе биде завршен. Причината е неверство, аргентинскиот фудбалер бил фатен на дело со пријателката на Ванда, инаку менаџерка на фудбалерот на ПСЖ.

Сопругата на Икарди се огласи и на социјалните мрежи, а дека навистина нивниот брак „виси“, дојде потврда од ПСЖ. Аргентинецот го пропуштил тренингот.

И кога сите мислеа дека е крај. Икарди сподели заедничка фотографија со Ванда од Милано. Засега не е јасно дали само се навраќа на убавите времиња или пак двајцата си дале нова шанса.

ПретходноМурињо доби жестоки навреди од навивачите на Јуве, па ги замолкна со еден потег (ФОТО)
СледноЛа Лига ја одбележа перфекната серија: Столе Димитриевски и Рајо – непобедливи