Познати се судиите за натпреварите од 1/8 финалето во Купот на Македонија, кои се играат во среда (20 октомври) со почеток од 14 часот. Дуелот на скопските ривали, Вардар и Скопје, ќе го суди Марјан Ецкоски од Охрид. Дербито меѓу Шкендија и Ренова ќе биде арбитрирано од Александар Ставрев, додека Дејан Јакимовски ќе им суди на Шкупи и Тиквеш. Интересно, овие две екипи играа во саботата во Кавадарци, во меч од 10.коло во ПМФЛ и победи Шкупи со 1:0.
1/8 ФИНАЛЕ – СРЕДА (14 Ч)
Струга ТЛ – Борец (Д. Младеновски – Скопје)
А.Пандев – Македонија ЃП (К. Ѓорѓиев – Штип)
Шкендија – Ренова (А. Ставрев – Скопје)
Вардар – Скопје (М. Ецкоски – Охрид)
Брегалница – Охрид (Д. Ристовски – Гевгелија)
Беласица – Силекс (И. Иванов – Велес)
Пелистер – Работнички (Ф. Идризи – Куманово)
Шкупи – Тиквеш (Д. Јакимовски – Скопје)