ТИМ НА 10.КОЛО: Мирчевски уште еднаш блесна, сега против Шкендија…

428

Мартин Мирчевски уште еднаш оваа есен покажа зошто толку стратегот на “пандевци“ Александар Васоски го сакаше во тимот. Зошто толку инсистираше од Вардар да се пресели во А. Пандев. Убедливо најдобриот играч оваа есен во ПМФЛ до
ова 10.коло, прв стрелец со 10 голови. И одигра одлично против Шкендија, одигра перфектно и со два гола го сврте дербито од 0:1 на 2:1 за својот тим.
Покрај него во тимот на колото од А. Пандев се и Манев и Хаџановиќ. Рниќ му донесе бод на својот тим Борец, и тоа од гостувањето кај Струга ТЛ кога во 80.минута одбрани пенал.
Руватубаје со гол во Кавадарци ја донесе победата на Шкупи. Запата и Демир беа одлични кај “пиратите“ против Работнички. Во тимот на колото секако дека се и
Алтипармаковски и Ескиќ од Брегалница, потоа Селмани и Шефити од забревтаната Ренова.

ИГРАЧ НА КОЛО
МАРТИН МИРЧЕВСКИ
Тим: А. Пандев
Роден: 11.07.1997
Кариера: Пелистер, Победа, Беласица, Трепча, Вардар, А.
Пандев

ПретходноКОМЕНТАР НА 10.КОЛО: Шкупи знае како, а Шкендија не знае…“пандевци“ не простуваат!
СледноБорбено во Кавадарци, победата за МЗТ Скопје